Првиот човек на ЦСКА грмна: Политика е тоа руските екипи да бидат исфрлени, а Макаби да може да игра во Белград

Макаби од Тел Авив ќе продолжи со настапи во кошаркарската Евролига и нема да биде суспендиран поради учеството на Израел во војната против Палестина. Постоеја шпекулации дека Макаби може да го доживее истото сценарио како ЦСКА, кога кошаркарскиот гигант од Москва беше исфрлен од Евролигата поради војната на Русија со Украина. Сепак, челниците на Евролигата решија дека Макаби може да продолжи да се натпреварува и мечевите како домаќин ќе ги игра во Белград.

Оваа одлука на Евролигата за Макаби да остане дел од натпреварувањето го налути првиот човек на ЦСКА Москва, Андреј Ватутин.

„Пред две години ја исфрлија ЦСКА Москва од Евролигата поради политички причини. Дури и објаснувањето кое тогаш го добивме не беше смислено затоа што знаеме дека тоа беше направено од политички причини. Тогаш ни беше кажано дека мораме да бидеме суспендирани поради безбедносни причини и проблеми со патувањата. Никој не ни понуди опција да бидеме домаќини во некоја друга држава“, вели Ватутин.

Првиот човек на ЦСКА вели дека апсолутно ја поддржува одлуката за Макаби да остане во Евролигата, но се чуди зошто тоа не е направено и со ЦСКА.

„Според оваа логика, треба да бидеме против одлуката Макаби да продолжи да игра во Белград како домаќин и би требало да се жалиме, но тоа би било погрешно од наша страна“, додава предводникот на ЦСКА.

- Оглас -

Најнови вести