22.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Првиот меч на ЕП ќе го суди арбитерот кој направи огромен скандал

Холандскиот судија Дани Макели ќе биде делител на правдата на првиот меч од Европското првенство меѓу репрезентациите на Турција и Италија, кој ќе се игра на „Олимико“ во Рим. УЕФА се реши да му ја даде довербата на Макели, судијата кој неодамна беше во центарот на еден голем скандал.

Макели беше главен судија на дуелот меѓу Србија и Португалија во квалификациите за Светското првенство 2022 година, а во 93-тата минута не призна погодок на гостите, кој требаше да биде победнички, но на крајот дуелот заврши 2:2. Кристијано Роналдо шутираше, топката го помина голманот, но Стефан Митровиќ не дозволи топката да ја затресе мрежата на Србија.

Сепак, од повторената снимка се гледа дека топката со целиот обем ја има поминато гол-линијата и дека требаше Португалија да победи во Белград.

По тој меч во Белград, се огласи и самиот Макели, кој призна дека згрешил околу таа одлука.

Макели во кариерата има делено правда на многу мечеви, а најзначаен му е тој во финалето од Лигата на Европа во 2020 година, кога Севилја со 3:2 го победи Интер.

 

- Оглас -

Најнови вести