Првиот пик од 2010 година се заканува: Уште не сте ме виделе во најдоброто издание

НБА лигата е привремено суспендирана од 11 март, а тоа е добро за некои кошаркари кои закрепнуваат од тешки повреди. Меѓу нив е и Џон Вол, плејмејкерот на Вашингтон визардс кој последен пат на терените се појави во декември 2018 година.

Првиот пик на драфтот во 2010 година ја оштети ахиловата тетива во својот дом, но долгата рехабилитација се одвива според планот и можно е да го видиме на паркетот кога сезоната ќе продолжи, во случај регуларниот дел да се доигра.

„Ги запишав сите провокации и бидете сигурни дека на сите ќе одговорам. Уште не сте ме виделе во најдоброто издание, она што го прикажував на терените претходно се само исечоци, јас можам да играм уште подобро. Речиси пет години играв на Ол-стар ниво со напукнати коски во колената, а многумина тоа не го знаеја. Најдоброто од Џон Вол допрва следува“, истакна ѕвездата на Волшебниците.

Вол досегашниот дел од кариерата го помина во Вашингтон со просек од 19 поени и девет асистенции по натпревар, а кога ќе се врати нема сомнежи дека екипата ќе биде многу поопасна ако се земе во предвид дека ќе се создаде тандем со одличниот Бредли Бил, кој во тековната сезона во неколку наврати брилјираше на паркетот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести