Типувањето за најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life, започна само пред 24 часа, а играчите веќе го најавија исходот за викенд-натпреварите.
Најголемо внимание привлекуваат премиерлигашките натпревари, а она што е интересно, играчите на Спортската прогноза очекуваат пораз на Манчестер јунајтед на гостувањето кај Астон вила. Дури 54% од играчите очекуваат пораз, а во победа веруваат само 23%.
За разлика од Црвените ѓаволи, Ливерпул има „поддршка“ од 65% од типувачите на Спортската прогноза на гостувањето кај Тотенхем.
Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари на подарок ќе добие iPhone 16. За 12 погодени меча следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари. Најдобриот во генералниот пласман ќе добие подарок смарт телевизор самсунг 55“.


