Екипата на Голден стејт вориорс се подготвува во пресрет на новата сезона во НБА-лигата, каде што ќе го бранат тронот. Воините се на турнеја во Јапонија, каде што се запознаваат со локалната култура и обичаите, но и спортовите кои се популарни во земјата.
Токму затоа, во посета на тренингот на Голден стејт им дојде сумо борач. Првите ѕвезди на тимот Стеф Кари и Клеј Томпсон се обидоа да видат како е да се биде дел од сумо спортот и не можеа да веруваат.
Ниту Кари, ниту Томпсон воопшто не можеа да го помрднат од место сумо борачот.
Basketball player. Sumo wrestler.
Stephen Curry can do it all. pic.twitter.com/4nhgw4PJGM
— Golden State Warriors (@warriors) September 29, 2022