Прво летно засилување на Ретклиф ќе биде тинејџерска сензација на Бенфика и ќе чини 100 милиони фунти

Најбогатиот човек во Обединетото Кралство, сер Џим Ретклиф, кој неодамна стана косопственик на Манчестер јунајтед, даде зелено светло за трансфер кој треба да се реализира во летниот преоден рок и кој ќе чини 100 милиони евра.

Весникот „Мирор“ пишува дека Ретклиф веќе одобрил 100 милиони фунти за тинејџерската сензација од португалскиот шампионат, Жоао Невеш.

https://twitter.com/ManUtdInPidgin/status/1767261357949280642

Невеш сеознава одлично игра во дресот на Бенфика и го сврте вниманието на гигантите, а засега најконретен е Манчестер јунајтед.

Ретклиф кој е задолжен за сите фудбалски операции во Јунајтед, одлучил околу Алхандо Гарначо, Коби Маино и токму Жоао Невес да го гради новиот Манчестер јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести