Прво „плачење“ за Фиорентина во 2019 година

Аталанта и Фиорентина вторпат во четири дека ги вкрстија копјата. По ремито од 3-3 во првото полуфинале во Купот на Италија, овојпат фудбалерите на Гасперини славеа со 3-1 и воедно му го нанесота првиот пораз на тимот од Фиренца годинава.

Иако гостите први стигнаа до погодок, Муриел во третата минута од мечот го постигна седмиот гол за Фиорентина, но уште во првиот дел Аталан успеа да го сврти резултатот во своја корист. Иличиќ и Гомез погодија во 28-та, односно 34-тата минута, а конечниот исход го постави Госенс во 58-та минута од средбата на „Бергамо“.

Аталанта со овој триумф е на седмото место и се израмни по бројот на бодови со Лацио, двете екипи имаат по 41 бод, додека Фиорентина со 36 бода останува на 10-тата позиција.

- Оглас -

Најнови вести