Прво „ВАР шоу“ на меч од Светско првенство (Фото)

Каде ли видоа офсајд судиите во ВАР собата, се прашуваа милиони љубители на фудбалот низ светот, откако на Еквадорците им беше поништен гол при 0-0 на дуелот со Катар на отворањето на Светското првенство.

Тоа беше историска одлука, бидејќи за првпат се случи на меч од СП да биде поништен погодок. ВАР технологијата првпат се примени пред четири години во Русија, но тогаш ниту еден гол не беше поништен после прегледување на снимка.

И после повторената снимка, фановите останаа во прашалници зошто е поништен голот и каде судиите видоа офсајд позиција на стрелецот Енер Валенсија, кој подоцна даде два гола кои му беа признати.

Има една фотографија од почетокот на акцијата, која можеби објаснува зошто првиот од трите гола на Еквадор беше поништен.

- Оглас -

Најнови вести