Прволигашите ќе одлучуваат утре – Шампион да биде МЗТ Скопје или да имаме сезона без првак

МЗТ Скопје да биде прогласен за шампион во прекинатата кошаркарска сезона и да испаднат двата најслабопласирани клубови од Првата лига или да нема ниту првак, ниту испаѓање се двете опции што КФСМ им ги понуди на клубовите на гласање.

Утре во 11.30 часот на видеоконференција челниците на Македонската кошаркарска федерација ќе ги очекуваат гласовите на прволигашите кои ќе мора да одлучат за една од двете опции.

Сезоната во маккошарката секако нема да се доигра, а ќе биде интересно каква ќе биде одлуката на мнозинството клубови од Првата лига.

Федерцијата најави дека предлогот што ќе добие мнозинство гласови од прволигашите ќе биде и конечната одлука за сезоната 2019/20. Доколку при гласањето од присутните претставници има изедначен број гласови, КФСМ ќе го даде последниот глас за начинот на завршување на натпреварувањето во Првата лига-мажи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести