Првото коло ќе биде најпеколно за Македонија во Лигата на нациите, а на крајот дома може да се бориме за првото место

Македонската фудбалска репрезентација во новото издание на Лигата на нациите ќе стартува на гостински терен, и тоа против Бугарија. Според одредениот распоред во Нион, уште на стартот ќе има дерби во групата во која се уште и Грузија и Гибралтар.

Возбудувањата во Лигата на нациите ќе започнат на 2 јуни 2022 година, а Бугарија треба дополнително да одлучи каде ќе го игра дуелот против Македонија.

Во јунскиот циклус ќе се играат дури четири кола. По гостувањето во Бугарија, следува гостување и кај Гибралтар, а потоа и два меча на домашен терен. Прво во Скопје ќе гостува Грузија, а потоа и Гибралтар.

Лигата на нациите ќе заврши во септември следната година, за кога се закажани последните два меча. Прво ќе играме на гости кај Грузија, а потоа во последното коло ќе биде и мечот Македонија – Бугарија во Скопје, кој може и директно да решава за првото место во групата.

РАСПОРЕД НА МАКЕДОНИЈА ЗА МЕЧЕВИТЕ ВО ЛИГАТА НА НАЦИИТЕ

2. јуни 2022. Бугарија – Македонија (20:45)

5. јуни 2022. Гибралтар – Македонија (18:00)

9. јуни 2022. Македонија – Грузија (20:45)

12. јуни 2022. Македонија – Гибралтар (18:00)

23. септември 2022. Грузија – Македонија (18:00)

26. септември 2022. Македонија – Бугарија (20:45)

- Оглас -

Најнови вести