Капитенот на Спортинг Лисабон, Мортен Хјулманд, кој истовремено е и незаменлив дефанзивен играч за врска во репрезентацијата на Данска, е првата трансферна цел на Жозе Мурињо за летниот преоден рок во Реал Мадрид.
Според португалските медиуми, Спортинг би бил подготвен да го продаде Хјулманд за околу 50 милиони евра, иако неговата откупна клаузула изнесува 80 милиони евра.
Данскиот играч е дел од Спортинг веќе три сезони, откако беше донесен од Лече за 19 милиони евра.
Оттогаш тој имаше клучна улога во освојувањето на две шампионски титули во Португалија и еден национален куп, со вкупно 140 одиграни натпревари, 10 гола и 12 асистенции.
Мурињо оваа сезона добро го запозна Хјулманд бидејќи работеше во Португалија како тренер на Бенфика, најголемиот ривал на Спортинг.
Покрај Хјулманд, Мурињо инсистира и еден од неговите помошници да биде поранешен фудбалер на Реал Мадрид, а според шпекулациите, се работи за Раул Гонзалес.

