35.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Првото засилување за Конте во Наполи пристигнува од Манчестер јунајтед

Антонио Конте ќе биде новиот тренер на Наполи, но се уште се чека на официјалната презентација на клубот. Поранешниот шампион на Италија после заминувањето на Лучијано Спалети мака мачи да пронајде соодветен тренер, а минатата сезона се променија дури четворица.

Дека Конте ќе седне на клупата на Наполи говори и фактот дека тој веќе започнал да бара засилувања за следната сезона. Прва цел ќе му биде фудбалерот на Манчестер јунајтед, Софијан Амрабат. Мароканецот имаше проблеми со повредите, но во финалето против Манчестер сити покажа дека е одличен фудбалер и дека лесно може да се врати во посакуваната форма.

Уште еден фудбалер е пред портите на Наполи, но овојпат се работи за повратинк. Корејскиот дефанзивец беше столбот на одбраната на Наполи во освојувањето на шампионската титулуа, но после трансферот во Баерн Минхен, дојде до пад во неговата форма. Сега Конте го посакува повторно во Неапол.

- Оглас -

Најнови вести