Во следните неколку дена се чека Жозе Мурињо да биде промовиран во нов тренер на Реал Мадрид, а веќе се шпекулира и за тоа кои би биле засилувањата за следната сезона. Најавите се дека аргентинскиот репрезентативец Енцо Фернандес треба да биде првата принова за кралскиот клуб во новата сезона.
Јасно е дека на крајот од сезоната ќе си заминат Дани Карвахал и Давид Алаба, а сигурно уште некој играч ќе биде продаден. Тоа ќе отвори простор за доведување на нови играчи, а Енцо се најавува како вистинска опција за на „Сантијаго Бернабеу“.
Самиот Енцо Фернандес би сакал да почне нов предизвик во тимот на Реал, кој веќе ги направил првите контакти со челниците на Челзи. На „Бернабеу“, Енцо се смета за идеално решение за средниот ред во новата ера на Мурињо. Португалецот инсистира на играч од средниот ред кој е физички моќен, тактички дисциплиниран, но и доволно креативен со топката, а Фернандез наводно совршено се вклопува во профилот што новиот тренер на Реал му го претстави на претседателот Флорентино Перез.
Овој трансфер би можел дополнително да ја искомплицира ситуацијата во средниот ред на Реал. Веќе се тука Аурелиен Чуамени, Едуардо Камавинга, Федерико Валверде и Џуд Белингам, но очигледно е дека планот на Мурињо вклучува целосна ротација и дополнителна конкуренција со цел да се создаде тим способен веднаш да напаѓа трофеи во Шпанија и Европа.
Доаѓањето на Енцо Фернандез совршено се вклопува во плановите на Жозе Мурињо да го врати Реал во препознатливиот идентитет на солиден, но максимално конкурентен тим. Португалецот веќе покажа во текот на својата кариера колку ги цени профилите на играчите од средниот ред кои можат да покријат огромен простор, да влезат во дуелот, но и да ја достават топката со квалитет. Токму затоа Мадрид верува дека Фернандез би можел да стане еден од столбовите на новиот проект.

