Победата на ЛА Лејкерс над Бруклин нетс ја одбележа еден историски момент, за првпат во историјата на НБА лигата беше видена ситуација татко да му асистира на син за кош. Леброн Џејмс беше удвоен и виде дека син му Брони е слободен, па му додаде, а Џејмс јуниор даде тројка и со тоа се испиша историја. Ова беше втор меч по ред на кој Леброн и Брони беа заедно на терен.
LEBRON ASSIST TO BRONNY 🔥
FIRST FATHER-AND-SON ASSIST IN NBA HISTORY 🙌 pic.twitter.com/awKkQpPkGk
— Bleacher Report (@BleacherReport) March 28, 2026
Лука Дончиќ во победата од 116-99 придонесе со 41 поен, но ја доби 16-тата техничка сезонава и тоа значи дека најдобриот стрелец во НБА лигата нема да игра на следниот меч на Лејкерс поради суспензија. Словенецот има 12 меча по ред на кои дава барем 30 поени.
ЛА Клиперс победи со 114-113, со победнички кош на Каваи Ленард на 0,4 секунди до крајот. Ленард има серија од 50 мечеви по ред на кои дава 20 или повеќе поени. Денвер ја совлада Јута со 135-129 во натпревар на кој Никола Јокиќ и Џамал Мареј станаа десетти тандем во историјата на НБА со 30+ поени и 10+ асистенции на ист меч. Јокиќ имаше и 15 скока за нов трипл-дабл.

