Холандскиот гигант ПСВ Ајндховен, данскиот првак Копенхаген и белгискиот Антверпен се трите екипи кои последни обезбедија место во групната фаза од Лигата на шампионите.
ПСВ на свој терен го демолираше Ренџерс со 5:1 и со вкупни 7:3 го елиминира шкотскиот тим по двомечот. Копенхаген по шести пат во клупската историја ќе биде дел од елитната групна фаза, откако дома одигра 1:1 против полскиот Раков и благодарение на победата на гости од 1:0 е дел од најдобрите 32 екипи.
Белгискиот Антверпен испиша историја со тоа што првпат во клупската историја ќе игра во групна фаза од ЛШ откако вечерва со 2:1 го победи АЕК во Атина. Антверпен победи со 1:0 и на првата средба и заслужено е дел од елитата.