ПСВ Ајндховен се договори со најдобриот стрелец на кинеската лига

Израелскиот напаѓач Еран Захави, ќе стане нов член на холандски ПСВ Ајндховен, а официјализацијата на договорот може да дојде до крајот на денов. Захави во ПСВ доаѓа како слободен играч, откако го раскина договорот со Гуанџу Р&Ф.

Захави со ПСВ ќе потпише едногодишен договор вреден 2 милиони евра. Изразелецот во претходните четири сезони играше во кинеската лига и на 106 меча даде 91 гол. Двапати беше прв стрелец во лигата. Има настапувано уште за Хапоел и Макаби Тел Авив, Макаби Ришон и Палермо. За репрезентацијата даде 20 гола на 52 средби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести