Светското клупско првенство во САД се игра на 12 стадиони во 11 градови. Стадионите се на НФЛ екипи, па се работи за објекти со голем капацитет, кои тешко е да се наполнат на дел од натпреварите од групната фаза.
Организаторот ги објави бројките, а тие велат дека на 48-те меча од групната фаза имало во просек по 34.770 гледачи. Најголема посета имало на мечот помеѓу ПСЖ и Атлетико Мадрид, 80.619 гледачи, додека дуелот на Мамелоди и Улсан го следеле само 3.412 гледачи.
Трите натпревари на Реал Мадрид се во топ-5 најпосетени, а „кралевите“ се најгледаната екипа со просек од 65.825 гледачи по натпревар. Следуваат ПСЖ (61.649), Атлетико Мадрид (51.749), Интер Мајами (51.208) и Палмеирас (47.456).