1004 Фулам – Њукасл (16.00 часот)
Црно-белите од Лондон беа во подобра форма од Црно-белите од Њукасл пред репрезентативната пауза. Чавките разочаруваат, имаат само една победа во седум кола, но имаат и само еден пораз, а дури пет ремија. Фулам има само два нерешени резултати, во последните пет меча или победуваа или губеа. Фулам има и дадено и примено повеќе голови од Њукасл, а има и три бода повеќе. Фулам има серија од пет меча со ГГ и 3+, додека на Њукасл три од последните четири меча му беа со 0-2 гола. Традицијата е на страна на гостите, Фулам не го победил Њукасл уште од 2016 година кога двата тима беа во Чемпионшип.
Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.75)
3002 Интер – Рома (18.00 часот)
Интер и Рома си се копираа едни со други во претходните четири кола, кога победуваа едните, победуваа и другите, и кога губеа едните губеа и другите. Сегашниот и екс клубот на Мурињо се фајтерски настроени сезонава, и после седум кола Интер нема ниту еден нерешен резултат, а Рома има само едно реми. На мечевите на Нераѕурите паѓаат повеќе голови отколку на мечевите на Волчицата. Римјаните пет и пол години немаат победа над Интер.
Предлог тип: ГГ (1.64)
1007 Вест Хем – Вулверхемптон (18.30 часот)
Вест Хем разочарува сезонава, има само четири бода во седум кола, а и Волците не се многу подобри, имаат шест бода. Двата тима се неефикасни, дале само по три гола во седум меча, затоа се и во долниот дел на табелата. Можеби Диего Коста ќе ја подобри реализацијата на Вулфс, но не се знае дали е подготвен да игра, а Вест Хем ќе има ветер во грб од трибините и може да освои бод или три. Во минатата сезона, двата меѓусебни дуели на овие екипи беа со 0-1 гол.
Предлог тип: 1Х & 1-3 (1.92)
1304 Севилја – Атлетико Мадрид (18.30 часот)
Севилја има само пет бода во шест кола, но почна да се буди пред паузата, имаше победа и реми во претходните две кола. Проблем на андалузијците им е лошата одбрана, а Атлетико има дадено 10 гола и ќе сака да се врати на победнички колосек после поразот во градското дерби против Реал. Севилја речиси еден месец нема играно на својот стадион, а последните четири меѓусебни дуели на овие екипи на „Рамос Санчес Пичуан“ беа неефикасни со 0-2 гола. Последната победа на Атлетико на овој терен беше пред четири години.
Предлог тип: Х (3.00)
1703 ПСЖ – Ница (21.00 часот)
Парижаните се во налет, имаат четири победи по ред, сите без примен гол, а сезонава во 8 кола дадоа дури 26 гола. Ница има 8 бода во 8 кола, и само пет постигнати голови. Последниот пораз на ПСЖ беше во март. Во јануари годинава, Ница извади 0-0, па на пенали го елиминираше ПСЖ од Купот на Франција, а Ница не прими гол ниту на последното лигашко гостување на „Паркот на принцовите“. Голманот Шмајхел вечерва ќе биде на маки и ќе му треба чудо ако не прими гол. Мбапе ќе добие одмор и ќе биде на клупата за резерви.
Предлог тип: 1-1 (1.61)