ПСЖ го испраќа Нејмар на позајмица, но кој ќе плати 20 милиони за да го има само една сезона?

Пари Сен Жермен го информирал Нејмар дека не сметаат на него за следната сезона и дека планираат да го продадат или да го позајмат.

Нејмар има годишна плата од околу 50 милиони евра и парижаните се свесни дека неговите примања се огромна пречка во преговорите со заинтересираните страни. Дури и ако се согласат да го позајмат, клубот кој би го зел Нејмар би требало да плати околу една половина од платата, што е 20-25 милиони евра.

Се шпекулира дека само неколку англиски клубови се способни и желни да платат толку за да го имаат Бразилецот една сезона во своите редови.

Нејмар има договор со ПСЖ до 2026 година, но често се повредува, тука е и непрофесионалниот начин на живот, дури и пријателот Лионел Меси се дистанцира од него.

- Оглас -

Најнови вести