ПСЖ го мами Де Хеа со рекордна плата за голман

За Давид де Хеа, голманот на Манчестер јунајтед, веќе долго време се интересираат голем број европски гиганти. Еден од нив е ПСЖ, а раководството на францускиот првак со „all-in“ понуда сака да го примами Шпанецот да се пресели во Париз. Според најавите на англиските медиуми, од таборот на ПСЖ се погдотвени да го направат Де Хеа најплатен голман во светот, со неделна плата од 410.000 евра (350.000 фунти).

Де Хеа во неколку наврати одби нов договор од Јунајтед, сака да биде на рамниште со Алексис Санчес според заработка, па затоа ПСЖ сака да искористи од ова одолговлекување. Од неговиот договор со „црвените ѓаволи“ остана уште една година, но голема е веројатноста Шпанецот веќе ова лето да го облече дресот на францускиот гигант. Засега не е спомената конкретна сума за трансфер, но парите не се проблем кога се работи за клубот со којшто раководат богатите арапски шеици.

Дваесет и осумгодишниот чувар на мрежата на „Олд Трафорд“ пристигна летото 2011 година од редовите на Атлетико Мадрид за сума од 22,5 милиони фунти.

 

- Оглас -

Најнови вести