ПСЖ го „моли“ Меси да остане, но не се сите воодушевени: Сигурно се шегувате, па тој не го сака клубот и не ги ферма навивачите

Пари Сен Жермен се обидува со сите сили да го продолжи договорот со Лионел Меси, кој завршува ова лето, но не се сите воодушевени од планот на Светците.

Поранешниот играч на парижаните, Жером Ротен, има свои аргументи зошто ПСЖ не треба да го продолжи договорот со еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.

„Не само јас, па тоа го гледаат сите што внимателно следат фудбал дека ова е голема шега. Меси има огромна плата, но јасно е дека ПСЖ му е само една обична станица во кариерата. Не сака да ги стави амбициите на клубот пред своите лични амбиции, не ги почитува навивачите кога тие покажуваат дека го ценат неговиот учинок и постојано ги игнорира со наведната глава заминувајќи кон соблекувалната.

Тоа може да го забележи секој што ги следи натпреварите на ПСЖ. Очигледно е дека Меси е тука само за да заработи и нема никаква емотивна врска со клубот и со неговите навивачи“, вели Ротен.

Шпанските, а особено каталонските медиуми постојано објавуваат дека Барслона сака да го врати Меси во своите редови, но и ПСЖ е сериозен во намерата да го продолжи договорот со 35-годишниот Аргентинец, кој неодамна за првпат стана и светски првак со својата репрезентација на Мундијалот во Катар.

 

 

- Оглас -

Најнови вести