Реал Мадрид е вистински кошмар за ПСЖ кога се работи за трансферите, но Светците“ конечно го победија Флорентино Перес, барем за еден фудбалер. Осумнаесетгодишниот дефанзивец на Лил, Лени Јоро, својата кариера ќе ја продолжи во дресот на ПСЖ, иако за него имаше понуда и од Реал Мадрид.
Кралскиот клуб му понуди 30 милиони евра на Лил, понуда која веднаш беше одбиена, а клубот обесштетувањето го постави на 50 милиони евра, сума која без проблем ќе ја платат Светците. Според Флорентино Перес, младиот дефанзивец не вреди повеќе од 30 милиони евра, но останува иднината да покаже дали беше во право.
Јоро веќе е стандарден првотимец на Лил и со своите игри го привлече вниманието на големите европски клубови. Оваа сезона во сите натпреварувања одигра 44 натпревари, на кои постигна три погодоци.