Европскиот првак Пари Сен Жермен го оствари вториот триумф во групната фаза на Светското клупско првенство совладувајќи го Сиетл саундерс со 2-0. Квича Кварацхелија во 35-тата минута донесе предност за Светците, а Ашраф Хакими во 67-та минута го потврди триумфот.
Атлетико Мадрид го победи Ботафого со 1-0, со голот на Антоан Гризман во 87-та минута. Сепак, тоа не беше доволно за шпанскиот гигант да оди понатаму. Потребна му беше победа од два гола разлика.
По ова, сите три екипи, ПСЖ, Атлетико Мадрид и Ботафого имаат по шест бода, но Атлетико Мадрид има најслаба гол-разлика и е елиминиран уште во групната фаза од клупскиот мундијал.