Фудбалерите на ПСЖ на најдобар можен начин го заборавија поразот од градскиот ривал, Париз, во Купот на Франција и со убедлив триумф од 3-0 над Лил се вратија на врвот во Лига 1. Сепак, лидерската позиција за „светците“ може да биде само привремена, бидејќи имаат два бода повеќе од Ленс, но и натпревар повеќе од ривалот.
Усман Дембеле со голови во 13-тата и во 64-тата минута ја најави победата на ПСЖ, на точка на триумфот стави Баркола со гол во 93-тата минута.

