ПСЖ и Барселона се во „трансфер-војна“

Легендарната победа на Барселона од 6-1 против Пари Сен Жермен, со која го елиминира францускиот тим од Лигата на шампионите по 0-4 во првиот меч, како да ја заостри „војната“ помеѓу овие два големи клуба.

Прв чекор кој ПСЖ го направи како одмазда е купувањето на мега ѕвездата Нејмар, за кого плати 222 милиони евра. Сега Барса планира реванш и да го врати Нејмар во своите редови, а двата клуба се вклучени уште во некои битки. Каталонците сакаат летово бесплатно да го добијат Адријан Рабјо од ПСЖ, а откако се договорија со Френки де Јонг од Ајакс, сега се вмешаа „светците“ кои дадоа богата понуда која не се одбива, па холандскиот талент се премисли и најверојатно кариерата ќе ја продолжи со Париз.

Со „кражбата“ на Де Јонг, газдата на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, сака да ѝ се одмазди на Барса за случајот со младиот Рабјо. Летоска ПСЖ се обиде да го купи Антоан Гриезман, но повеќе за да ѝ расипе работа на Барселона која беше сериозно заинтересирана за Французинот, па тој на крајот одлучи да остане во Атлетико Мадрид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести