19.8 C
Skopje
вторник, 26 август 2025

ПСЖ и Сити ќе си подадат рака за трансфер на Донарума, сумата е вистинска ситница за толку звучно име

Манчестер сити и Пари Сен Жермен се на чекор од постигнување договор за трансфер на голманот Џанлуиџи Донарума според информациите кои ги има експертот за фудбалски трансфери, Фабрицио Романо.

ПСЖ летово реши дека веќе нема да смета на услугите на Донарума, ситуација која Сити реши да ја искористи и да го доведе во своите редови еден од најдобрите светски голмани.

Донарума и Сити веќе од претходно постигнаа договор за личните услови на голманот, а сега се очекува да има соработка меѓу двата европски гиганти. На почетокот, ПСЖ бараше 50 милиони евра за реализација на трансферот на италијанскиот голман, но сега „паднал договор“ за трансферот да изнесува меѓу 30 и 35 милиони евра.

Оваа сума не треба да биде проблем за Сити, посебно ако се знае дека ќе добијат голман со врвни квалитети. Донарума има 26 години, што значи дека пред него има уште многу години од кариерата.

- Оглас -

Најнови вести