ПСЖ ќе му ја оствари желбата на Заха да игра за голем клуб

Кристал палас минатото лето не прифаќаше понуда за Вилфрид Заха пониска од 80 милиони евра, па неговиот сон да игра за голем клуб остана неисполнет. Сепак, работите ќе се сменат ова лето со тоа што ПСЖ ќе му ја оствари желбата на репрезентативецот на БСК.

Заха ѝ соопштил на управата на Кристал палас дека сака да си оди, тоа ќе му биде овозможено наскоро. Светците ќе тргнат по неговиот потпис штом завршат со обврските во Лигата на шампионите, а се верува дека тврдоглавоста на Палас ќе попушти, па и сумата од 80 милиони евра ќе биде намалена.

Дортмунд и Монако исто така се опција за Заха, но ПСЖ е клубот кој може и финансиски да го задоволи офанзивецот покрај играњето во ЛШ.

- Оглас -

Најнови вести