ПСЖ ќе плати 10 милиони евра за новиот тренер кој е роден во градот на најомразениот ривал

Пари Сен Жермен ќе и плати на Ница сума од 10 милиони евра како отштета за Кристоф Галтие, кој ќе биде нов тренер на популарните Светци од Париз.

Реномираниот француски медиум „Л`Екип“ објави дека трансферот е веќе готова работа и дека Ница дала зелено светло 55-годишниот стручњак да се пресели во Париз.

Интересно е што Галтие е роден во Марсеј, градот од каде е најомразениот ривал на ПСЖ, Олимпик Марсеј.

Маурисио Покетино веќе бара нов клуб и ќе се раздели веќе утре со ПСЖ, според најавите на „Л`Екип“.

Се шпекулираше дека Зинедин Зидан ќе биде наследник на Покетино, но таа варијанта отпадна, па Галтие чека промоција како нов кормилар на 10-кратниот француски првак.

 

- Оглас -

Најнови вести