15.8 C
Skopje
петок, 18 јули 2025

ПСЖ на Дибала му нуди годишна плата од 12 милиони евра

Пари Сен Жермен најверојатно ќе го продаде Нејмар, а парите кои ќе ги земе за него планира да ги потроши за ангажирање на Пауло Дибала од Јувентус.

Откако на Дибала му пропадна опцијата да се пресели во Тотенхем или во Манчестер јунајтед во англиската Премиер лига, веројатно веќе и Баерн не се интересира, па му останува Франција и богатиот ПСЖ. Дибала не сака да грее клупа во Јуве, а Светците во него гледаат идеална замена за незадоволниот Нејмар, кој е на пат да се врати во некој од шпанските гиганти.

Парижаните кои во последните години со Јуве си го имаат на ти го – дај ми го, на Дибала му нудат годишна плата од 12 милиони евра и со тоа би му вратиле на италијанскиот првак кој летово бесплатно си ги зеде Буфон и Рабио, кои во минатата сезона беа членови на ПСЖ.

- Оглас -

Најнови вести