ПСЖ не заврши со шопингот, следен е талентот на Спортинг

Меси, Рамос, Донарума, Вајналдум и Хакими се звучните имиња со кои ПСЖ креира дрим-тим, но францускиот вицепрвак не заврши со шопингот.

Следен играч по кој Светците ќе тргнат во напад е талентираниот лев бек на Спортинг, Нуно Мендеш. Младиот португалски репрезентативец е еден од најперспективните на негова позиција, за кого претходно се интересираше и Манчестер сити, но одби да плати сума од 60 милиони евра.

Многу веројатно дека шампионот на Португалија ќе бара слична сума и од парискиот гигант за да го пушти својот производ. Мендеш беше еден од најконстантите играчи во шампионскиот поход на Спортинг минатата сезона, неговата вредност моментално е 40 милиони евра, сума која нема да претставува проблем за катарските газди на ПСЖ.

- Оглас -

Најнови вести