ПСЖ остана без вредно засилување затоа што Челзи три пати направи иста неверојатна грешка

Челзи беше убедливо најактивниот клуб во зимскиот преоден рок, па не случајно потроши неверојатни 350 милиони евра за нови засилувања. Лондонскиот клуб во последните моменти од трансфер-периодот успеа да го потпише и најскапото засилување во историјата на британскиот фудбал откако се договори за 121 милион евра на „Стемфорд бриџ“ да го доведе Енцо Фернандес.

Со Челзи е поврзано и најчудното пропаѓање на еден трансфер, требаше да се случи Хаким Зијех да замине во Пари Сен Жермен. Зијех вчера беше во Париз, ги помина лекарските прегледи, дури направил и фотосесија со дресот на новиот клуб, но на крајот трансферот не се реализира.

Францускиот гигант е лут затоа што луѓето од Челзи дури трипати грешеле во документите кои требало да ги испратат за да биде заверен договорот на Зијех. Од ПСЖ најавија дека ќе се обидат да се жалат поради овој банален проблем и грешките кои ги направи Челзи, но тешко дека ќе им биде дозволено да го регистрираат фудбалерот по официјалното завршување на преодниот рок.

- Оглас -

Најнови вести