5.8 C
Skopje
вторник, 17 февруари 2026

ПСЖ покажа шампионски карактер, Дезире Дуе е супер џокерот на Луис Енрике

Пари Сен Жермен со гостинска победа од 3-2 над Монако, значително се доближи до осминафиналето во Лигата на шампионите.

Актуелниот европски првак беше на маки, губеше 0-2, Витиња утна пенал, но работите се сменија кога во средина на првото полувреме на местото на Усман Дембеле (веројатно поради повреда) влезе Дезире Дуе. Дуе даде два гола (првиот и третиот) и беше човек на пресврт.

Задачата на ПСЖ беше олеснета откако израмнија на 2-2 во финишот на првиот дел, а Монако остана со човек помалку на стартот на второто полувреме.

- Оглас -

Најнови вести