ПСЖ пред четири години сеирџиски ја испрати Борусија Д., но сега добија освета „со камата“ (Фото)

Борусија Дортмунд покажа дека во финалето нема фаворитска улога и дека со играта на теренот се заслужува победата, па така во двомечот против ПСЖ, Милионерите славеа со вкупни 2:0 и ќе играат во финалето на Лигата на шампиони.

По завршување на синоќешниот дуел на „Паркот на принцовите“, гостите од Дортмунд славеа, а не заборавија и на социјалните мрежи да го „боцнат“ противникот. Од Борусија пронајдоа една фотографија која датира од пред четири години, а на која фудбалерите на ПСЖ го слават триумфот над Борусија Дортмунд во осминафиналето од Лигата на шампиони. Тогаш, ПСЖ во двомечот беше подобар со 3:2 и го елиминираше германскиот ривал, а на нивниот профил на социјалните мрежи објавија фотографија на која сите се радуваат со порака „ДИШИ“.

Сега таа фотографија ја споделија од Борусија Дортмунд и испратија порака „Мириса на добро вино“. Едноставно Милионерите не ја заборавија таа провокација од ПСЖ и сега им вратија буквално со камата.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести