ПСЖ сака нов тренер да биде Германецот кој ги елиминира од ЛШ

Управата на ПСЖ е многу блиску до ангажирање на Јулијан Нагелсман за наследник на Кристоф Галтие на клупата, пишува „Футмеркато“. Интересно, до вчера медиумите го гледаа Луис Енрике како нов тренер на ПСЖ, денеска Нагелсман е фаворит.

Според „Футмеркато“, претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, го избрал Нагелсман да биде тренер на Светците за следната сезона. Тој е импресиониран од Германецот кој со Баерн Минхен, го елиминира токму ПСЖ во осминафиналето во Лигата на шампионите, притоа остварувајќи две победи без примен гол.

Покрај Нагелсман, во тренерскиот тим би требало да има уште едно звучно име, Тиери Анри, кој би му бил помошник на Германецот.

 

- Оглас -

Најнови вести