ПСЖ се шири и во Италија, Катарците ја купуваат Сампдорија

Се чини дека спасот на Сампдорија ќе дојде од Катар. Според најавите на италијанските медиуми Катарската инвестициона групација која е сопственик на ПСЖ ќе го купи италијанскиот клуб и тоа ќе биде нивната база во Италија.

Купопродажбата ќе чини 20 милиони евра, колку што бара сегашниот сопственик на Сампдорија, Масимо Ферера, но и плаќање на сите долгови кои ги има клубот, неофицијално над 200 милиони евра.

Состанокот на акционерите на Сампдорија ќе се одржи денес и ќе биде донесена конечна одлука околу иднината на клубот од Џенова.

- Оглас -

Најнови вести