ПСЖ се спаси од казна – УЕФА не смее да истражува за финансиски фер плеј

УЕФА не смее да продолжи со истрагата против ПСЖ околу нарушување на правилата на ФФП (финансики фер плеј). Арбитражниот суд за спорт пресуди во корист на „светците“ по нивната жалба, така што не дозволи да се покрене нова истрата од страна на Европската фудбалска куќа.

Според ЦАС, трансферите на Нејмар и Мбапе „се чисти“, па затоа останува првобитната одлука случајот да остане затворен. ПСЖ првично беше под истрага во 2017 година, откако го реализираше трансферот на Нејмар од Барселона за рекордни 222 милиони евра, а само неколку дена подоцна ја договорија позајмицата на суперталентираниот Французин од Монако, со обврска да исплатат 180 милиони евра.

Со донесената одлука, значи дека ПСЖ нема да заработи никакв санкција, ниту пак ќе бидат принудени да продадат еден од двајцата носители на тимот.

- Оглас -

Најнови вести