ПСЖ следната сезона ќе има нов тренер: Тројца кандидати за наследник на Галтие

Според француските медиуми, Кристоф Галтие следната сезона нема да биде тренер на ПСЖ. Реконструкцијата на Светците освен што ќе донесе нов тренер, вклучува и анганжман на нови фудбалери бидејќи Меси и Нејмар ќе си заминат.

За столчето на Галтие во игра се тројца тренери. Прв фаворит е тренерот на Рома, Жозе Мурињо, што би било негово враќање на големата сцена и борба за трофејот во Лигата на шампионите. Втор на листата е Тијаго Мота, тренерот на Болоња, додека кругот на фаворити се затвора со Марсело Гаљардо, поранешниот тренер на Ривер плејт.

Главна цел на раководство на ПСЖ за следната сезона ќе биде освојувањето на Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести