ПСЖ со здрав Нејмар има четврти обид за прескокнување на осминафиналната пречка

Ако дуелот на Атлетко и Ливерпул се најавува како битка на емотивните и жестоки тренери Симеоне и Клоп, дуелот на Борусија Дортмунд и ПСЖ носи пресметка на најдобрите млади напаѓачи во Европа, Халанд и Мбапе, но погледите на Светците се свртени и кон Нејмар, кој конечно треба да ги оправда оние 222 милиони евра кои клубот ги плати за да го донесе од Барселона.

ПСЖ има психолошки хендикеп. Во претходните три сезони во ЛШ испаѓаше токму во оваа осминафинална фаза. Повторно е пред каменот од кој се сопнуваа. Ако ја мине пречката, после ќе му биде полесно иако можеби наредниот противник што ќе го добие ќе биде посилен.

Борусија и ПСЖ се тимови со моќни напади и тука треба да се очекуваат голови. Францускиот првак ги има Нејмар, Мбапе, Икарди, Кавани, Ди Марија, од другата страна се Халанд, Санчо, Ројс, Азар, па речиси невозможно е да нема погодоци. Борусија од финалето во 2013 наваму нема позначаен успех, можеби дојде време да се најде меѓу осумте најдобри.

- Оглас -

Најнови вести