Откако Килијан Мбапе одби да потпише нов договор со Пари Сен Жермен, францускиот гигант го „прешкрта“ голгетерот и најави дека е мора да го менува тимот во најскоро време. Реал Мадрид, но и клубовите од Саудиска Арабија се споменуваат како следна дестинација за Мбапе.
По „раскинот“ со Мбапе, ПСЖ ќе мора да се фокусира за негова замена, а веќе започнаа шпекулациите за тоа кој може да пристигне на „Паркот на принцовите“. Како прва опција се споменува данскиот репрезентативец Расмус Хојлунд.
Тоа е играчот кој имаше одлична сезона во дресот на Аталанта. Има само 20 години, но покажа дека има голем талент. Хојлунд доби шанса во тимот од Бергамо по повредата на Дуван Запата и одлично ја искористи, постигнувајќи девет голови во Серија А. Хојлунд минатата година дебитираше и за данската репрезентација каде во шест меча постигна шест голови.
Токму поради овие бројки и игри, Хојлунд се најде на мета на Манчестер јунајтед, кој веќе подолго време контактира со Аталанта за трансфер. Сепак, сега во игра влегува и ПСЖ и сигурно англискиот тим нема да може финансиски да им парира на Светците, кои ако се решат за Данецот, ќе го доведат во своите редови.