Шампионот на Франција, Пари Сен Жермен уште сега започнува со потрага на нови засилувања во јануарскиот преоден рок. Како прва опција за доведување на „Паркот на принцовите“ е Алекси Санчез. Чилеанскиот репрезентативец е едно од најголемите разочарувања во Манчестер јунајтед, па иако беше доведен како големо засилување, сега почесто е на клупата за резерви, отколку на теренот.
Самиот Санчез побарал да си замине од Манчестер, тимот во кој веќе два месеци не бил стартер. „Светците“ од Париз не размислуваат многу и веруваат дека напаѓачот одлично би се снашол во нивниот состав. Сепак, за реализација на овој трансфер има еден голем проблем. Санчез е еден од најскапоплатените фудбалери во Англија, сума која ПСЖ секако би можел да си ја дозволи, но тоа ќе биде спротивно од правилата на УЕФА. Францускиот првак на тој начин би го нарушил правилото за финансиски фер-плеј и ќе ризикува да биде драстично казнет.