ПСЖ во полуфинале, и со двајца играчи помалку му даде гол на Баерн (Видео)

Пари Сен Жермен го победи Баерн Минхен со 2-0 во четвртфиналето на Светското клупско првенство.

Клулниот гол за 1-0 падна во 78-ма минута кога Жоао Невеш му одзеде топка на Хари Кејн и асистираше до Дезире Дуе кој го фати на погрешна нога голманот Мануел Нојер. На 2-0 зголеми Усман Дембеле после една контра и тоа во моменти кога Светците имаа двајца играчи помалку на терен.

Овие два тима никогаш не одиграле нерешено во меѓусебните дуели (денешниот им беше 15-та пресметка), а таа традиција продолжи и денеска.

Во 83-та минута, исклучен беше централниот дефанзивец Вилијан Пачо кој пред црврниот картон ги одигра сите минути на Светското клупско покрај Маркињос во срцето на одбраната на ПСЖ. Во судиското продолжение, ПСЖ остана и без Лукас Ернандес кој во минантото играше за Баерн, а поцрвене поради удирање со лакт во лицето на Гереиро.

На Бaерн не му беше денот, им беа поништени два гола, беше досуден, па поништен пенал. Баварците овој меч ќе го паметат по лошо и по тешката повреда и скршената нога на Џамал Мусијала во финишот на првото полувреме.

Европскиот првак во полуфиналето ќе игра со Реал Мадрид или Борусија Дортмунд. Репризата на финалето на ЛШ од 2024 е вечерва од 22 часот.

- Оглас -

Најнови вести