Публиката на Вимблдон со свирежи ја испрати Белорусинката, овациите за Украинката која не сакаше да се поздрави (Видео)

По голема битка и драма, Елена Свитолина од Украина ја победи Викторија Азаренка од Белорусија во меч на Вимблдон. Во првиот сет Азаренка беше подобра со 6:2, потоа во вториот Свитолина го доби со 6:4, а во тајбрејкот Свитолина беше подобра со 11:9.

Свитолина веќе редовно кога игра против тенисерки од Русија или Белорусија, одбива да се поздрави пред почетокот на дуелот и на крајот, па така беше и овојпат. Интересно е дека по завршување на дуелот, Украинката доби овации за победата, а помалку изненадувачки, Азаренка која загуби, беше испратена со негодувања и свирежи.

Драматичниот финиш и реакцијата на публиката може да ги видите на видеото.

- Оглас -

Најнови вести