Публиката во Чикаго му се поклони на 18-тиот стрелец во историјата на НБА (Видео)

Кармело Ентони со 25 поени против Чикаго булс ја прикажа својата најдобра игра како член на Портланд трејблејзерс и покажа дека во него уште има капацитет да биде корисен во НБА-лигата, а за квалитетот не е спорно дека го има.

Ова беше четврти меч за ветеранот како играч на Портланд, а на 25-те поени им додаде и осум скока и две асистенции. Во последната четвртина, фановите на Булс скандираа „Го сакаме Мело!“ и бараа тој да влезе на теренот.

Со овие 25 поени, Ентони стана 18-ти стрелец во историјата, надминувајќи го Алекс Инглиш. Еве доказ дека и „старците“ знаат да забиваат:

- Оглас -

Најнови вести