Репрезентацијата на Алжир е нов шампион на Африка. „Пустинските лисици“ во финалето го победија Сенегал со 1-0, и дојдоа до својата втора континентална титула, по онаа во 1990 кога Алжирците беа домаќини.
Решавачкиот момент се случи во 2 минута, кога шутот на Багдад Бунежах, поткачи еден од дефанзивците на Сенегал, топката летна многу високо и падна во голот, лобувајќи го голманот.
https://twitter.com/i/status/1152318647995645953
Тоа беше единствен шут на Алжирците за 90 минути игра. Сенегал напаѓаше, но јалово, ниту еднаш не успеа да го најде патот до голот. Имаше и еден спорен момент кога судијата гледаше снимка на ВАР системот за да одлучи дали има пенал за Сенегал, но реши дека не било пенал, иако топката го погоди алжирскиот фудбалер во рака во неговиот 16-ник.
That was a penalty. The hand moved slightly to the ball #SENALG pic.twitter.com/XkbUkqYuFn
— #Vhasekwa (@vhasekwa) July 19, 2019
Сенегал играше финале и во 2002, а и тогаш загуби. Сенегалците за 180 минути игра на годинешниот Африкански куп на нации во Египет, не успеаја да му дадат гол на цврстиот, на моменти и груб тим на Алжир. На 27 јуни, во меч од групната фаза, Алжир славеше против Сенегал со истиот резултат од 1-0.
Победата на Алжир, од САД ја слави и Карим Бензема кој рече дека Алжир го сака повеќе од Франција за која играл само од спортски причини, а на трибините во Каиро беше Франк Рибери (неговата сопруга е Алжирка).