Работнички без муниција, Шкендија со „огномет“

Работнички го одигра вториот пријателски натпревар на подготовките во Анталија и ремизираше без голови против рускиот тим Томск. Во борбен натпревар без многу шанси, составот на Ратко Достаниќ не успеа да пронајде пат до противничката мрежа, но може да го радува играта во дефанзивата.

Во вториот дел шанса доби и новиот фудбалер Дин Аломеровиќ, кој дебитираше во составот на Работнички. Работнички и Томск се два клуба чии дресови ги има носено некогашниот македонски репрезентативец Мазнов.

Шкендија со Рандерс одигра сосема спротивен дуел од тој на Романтичарите и играа поефикасно, но и примија доста голови. Данците водеа со 3-1, но тетовци успеаја да дадат два гола и извлекоа 3-3. Двоен стрелец за Шкендија беше Агим Ибраими, а еден гол даде Бесарт Ибраими.

- Оглас -

Најнови вести