Работнички декласиран на јадранското деби

Црногорскиот тим Студентски центар го разби Работнички со 98-69 во првиот натпревар за најтрофејниот македонски кошаркарски колектив во АБА 2 лигата. Екипата на тренерот Димитар Мираковски одлично ја почна сезоната во македонската прва лига, но се сопнаа на првиот меѓународен тест.

Девон Вашингтон со 17 и Кирил Николовски со 16 и Карло Враговиќ со 11 поени беа најефикасни кај Работнички, а Демиер Питс се истакна со 11 асистенции. Уште во првата четвртина на мечот во Чајетина на Златибор се виде дека македонскиот претставник не е во потребниот ритам и противниците го искористија тоа.

Вториот македонски претставник во АБА 2, МЗТ Скопје Аеродром, сезонава ја почнува утре, со дуел со Подгорица, тим со кој Работнички ќе се сретне веќе в четврток. Според распоредот, на Златибор ќе се играат првите четири кола.

- Оглас -

Најнови вести