Работнички го разби амбициозниот Гостивар како никогаш досега

Работнички го растури Гостивар со 85-61, и покажа дека е посилен тим од противникот кој најавуваше многу поголем отпор, па и победа против актуелниот македонски првак.

Гостиварци веруваа дека може да го совладаат големиот противник, но преполните трибини во „Младост“, песната на грипата „Ареа“ специјално посветена на кошаркарскиот клуб и целата еуфорија, како да влијаеја негативно врз нив, па уште во првите неколку минути се виде во каков правец ќе оди средбата. Во 5 минута, беше 16-3 за Работнички, и домашните не успеја да се рехабилитираат од тој почетен шок кој им беше приреден од момците во црвени дресови.

Работнички со само два порази го заврши првиот дел од сезоната и во Суперлигата тргнува осамен од првата позиција. Гостивар е четврти, па ако остане таму и по суперлигата, може да се сретне со Работнички во полуфиналето на плејофот, што не би било добро за гостиварци кои по враќањето во прва лига, во меѓусебните дуели со тимот од скопски „Градски парк“ знаат само за порази.

- Оглас -

Најнови вести