Работнички можеби се покаја што играше како домаќин во Негорски бањи

Блокотехна по вторпат сезонава го свлада Работнички во својата сала, овојпат со 82-63, но разликата е што денеска скопјани беа во улога на домаќини во „НБ Ноел“. Работнички не смее да игра во „Градски парк“ и сега нема постојан дом, па одлучи средбата да ја игра во салата на противникот, што не се покажа како добар потег од резултатска гледна точка.

Ова беше мини-реванш за поразот во финалето на Купот.

За Работнички ова е четврти пораз сезонава, и може да му го препушти првото место на МЗТ Скопје Аеродром кој треба да се сретне со Гостивар во четвртото суперлигашко коло, а градското дерби МЗТ – Работнички е закажано за следното коло. Блокотехна ќе навива за МЗТ против Гостивар, бидејќи пораз за гостиварци ќе значи дека Блокотехна и Гостивар ќе имаат ист број бодови и ќе ја делат третата позиција.

Блокотехна по првото полувреме имаше предност од 11 поени разлика, во второто тргна со серија од 12-0 и имаше 23 поени предност во 24 минута. Сепак, Работнички предводен од натурализираниот Македонец Дариус Вашингтон (25 поени), само десет минути подоцна дојдоа на пет разлика, но во финишот повторно тимот во црни дресови беше подобар и освои два бода.

- Оглас -

Најнови вести