Работнички не го освои Пирин, Силекс загуби од Витоша

Работнички ремизираше 1:1 со бугарскиот второлигаш Пирин Благоевград во првиот тест меч за Романтичарите во Анталија.

Македонскиот прволигаш поведе во финишот на првото полувреме со голот на Давид Тошевски, а бугарскиот состав израмни на 1:1 во финишот на мечот. Во првото полувреме при резултат 0:0 Себастијан Херера промаши пенал за Работнички.

Во ден за македонско-бугарски фудбалски пресметки во Анталија играа и Силекс и Витоша меѓу себе, а кратовци загубија со 0:1 со голот постигнат во 22-рата минута.

 

 

- Оглас -

Најнови вести