Работнички со тешка победа го отвори плеј-офот, Пелистер го растури Еуро Никел

Кошаркарите на Работнички со тешка победа на домашен терен над Феникс дојдоа до водство од 1-0 во четвртфиналето од кошаркарското првенство на Македонија. Второпласираната екипа од регуларниот дел го доби мечот со 84-80, иако почетокот на натпреварот не навестуваше неизвесност во СРЦ „Кале“.

Работнички првата четвртина ја доби со минимални 21-19, но голема разлика направи во вториот период и на полувремето замина со предност од 49-37. Сепак, кошаркарите на Феникс во третата четвртина резултатски се вратија, но тој позитивен тренд за нив не успеаја да го продолжат и во последниот период, па Работнички дојде до водство во четвртфиналната серија.

Многу полесно од Работнички, до почетна предност од 1-0 дојде екипата на Пелистер, која на домашен терен буквално го растури кавадеречки Еуро Никел со 94-60. Битолчани доминираа од првата па се до последната секунда од мечот и сосема заслужено се на еден чекор поблиску од пласман во полуфиналето.

- Оглас -

Најнови вести